Турската пенџера

Си биле невеста и зет. Еден ден оделе на гости кај родителите на невестата. Да ги види зетот, бабата и дедото…се немале видено уште од свадбата. А ќерката мажена во друго, далечно село. И така тргнале зетот и невестата преку седум планини и седум мориња…не бе, си тргнале по патот.
…во меѓувреме, покрај патот покрај некоја крушка си седеле мече и бумбарче (акцентот на У т.е. бУмбарче). Ја гледаат крушата зрела, и му вика мечето на бумбарчето:
- А бре бумбарче, да се качам јас на крушата да ја затресам. Ти седи долу собирај круши, да си насладиме душа. Може? – рекло мечето.
- Може! – одговорило бумбарчето.
И така, мечето се качило на крушката и тресе од крушките. По некое време, мечето вика:
- Бериш бУмбарче?
- Берам, берам! – одговорило бумбарчето.
И така, пак мечето тресело крушки, бумбарчето собирало.
- Бериш бУмбарче?
- Берам, берам!
Тресело мечето, и кога пуп една крушка го погодила бубарчето.
- Бериш бУмбарче?
Нема никој.
- Бериш бубмарче?
Нема никој.
Се симнало мечето од крушата, кога гледа бумбарчето  – пупунец. Почнало да плачи мечето за другарчето. Се мислело: што да прави? Што да чини? Ај така го закопало покрај патот.
Кога, нели зетот и невестата тргнале по патот да одат на гости кај бабата дедото? Е, оделе така, кога на зетот му се прикакало.
- Леле невесто, мене ми се кака. Што ќе прајме сеа? Да се враќаме дома!
- А бе будала, дома ќе одиш. Еве, стигнавме. Иди ондека покрај крушата, крај патот. Искакај се! Кој ќе те види!?
И отишол зетот покрај крушата да кака. Кога како што какал, бумбарчето што било закопано оп излегло. Тоа бумбарчето било лепешкарче и се освестило кога отишол зетот по надвор. И….и како што се освестило, оп се пикнало во г’зето на зетот
- Готово? Ќе одиме по патот?
- Готово! Може да одиме – одговорил зетот. И после него со тенко гласче:
- Готово! Може да одиме… (тоа бумбарчето зборело)
Оделе, и пред да стигнат до куќата на дедото и бабата, невестата му кажувала на зетот како да се однесува на гости, да не го посрамоти.
- Ти зете, сега кога ќе стигнеме кај мајка ми и татко ми, пази како се однесуваш. Немој со раце да си јадел, само со два прста…и немој да си се разјадел ко дома што си знаеш. Помалку јади, да не се посрамотиме, да речат ова зетот не домаќин. И слушај ваму: јас штом ќе те гибнам по нозете под масата ти престани да јадеш. Разбра?
- Разбрав! – рекол зетот и по него тенкото гласче на бумбарчето:
- Разбрав!
- А бре што ти стана што така се преправаш?
- Не знам бре жено!
Тенкото гласче: Не знам бре жено!
И стигнале зетот и невестата кај бабата и дедото.
- Добар ден зете!
- Добар ден бабо! И тенкото гласче по него:
- Добар ден бабо!
- А мори ќерко што му е на зетот?
- Не знам ма мамо, му се згреши нешто по патот!
- Јади бре зете ништо не зеде!
- Не бе дедо, најаден сум. Не треба повеќе. – по него бумбаречто:
- Не бе дедо, најаден сум. Не треба повеќе.
Си легнале вечерта зетот и невестата, кога зетот и вика на жена си:zetoti i nevestata
- Леле, ама сум гладен жено. Цревата ме вијат! И по него бумбарчето:
- Леле, ама сум гладен жено. Цревата ме вијат!
- Па оти бре будала, не јадеше. Мајка ми спремала, токмела. Ти ништо не зема.
- А бе па ти ме гибна под масата и јас престанав.
- Глупав ни еден, тоа мачката била бре. Иди ондека во кујната во долапот има оставено месо, земи изеди го. Ама немој ламба да си палел да не те видат мајка ми и татко ми, за сТрамота!
Станал зетот и отишол во кујната. Во темницата го барал долапот, ја тргнал завесата, потегнал нешто и почнал да кине со забите и да џвака. По некое време се вратил кај невестата.
- Аман мори невесто, што ми рече да одам кај долапот, тоа месото жилаво, не се јадеше.
- Лелеееее, што направи бе. Кај кој долап отиде. Во едниот мачката ги омачи мачињата. Ти мачињата си ги изел.
Другиот ден, невестата им кажала на мајка и’ и  татко и’ што се случило, оти мажот и’ ги изел мачињата. Овие се налутиле, ама ај пак ручек спремиле. Седнале да ручаат, кога пак мачката поминала и го допрела зетот по нога и овој пак престанал да јаде.
Вечерта ај си легнале мажот и жената да спијат, кога зетот пак на невестата.
- Невесто мене  ми се јаде.
- Пак ли бре мачката те допре?! Иди ондека кај латвицата (некоја каца со сирење е тоа), извади си калап сирење, изеди го. И не пали ламби да не те видат мајка ми и татко ми.
Оди зетот кај латвицата, ги брцнал двете раце во неа за да извади калап сирење, кога му се заглавиле рацете. Леле што ќе прави сега. Со рацете во латвицата отишол кај невестата:
- Невесто мори ги заглавив рацете во латвицата. Што да праам сега?
А бумбарчето се со потенок глас повторувало по него.
- Невесто мори ги заглавив рацете во латвицата. Што да праам сега?
- Оди бре зад куќа, таму има еден бел камен тресни ја кацата од него, да си ги извадиш рацете.
Отишол зетот зад куќа, видел нешто бело и траас удрил кацата по тоа. Кога почнало нешто да вика:
- Аууууу, што ми напраи бре зете. Оти вака ме размава бре. Кај мачињата ми ги изеде, уште и со латвицата ме маваш.
Тоа усвари бабата зела да моча зад куќа.
Зетов исплашен, не можел збор да каже, ама бумбарчето кога ја видел бабата полу гола како отишла да моча зад куќа, почнало на сет глас да вика:
- На бабата и се гледа турската пенџера! На бабата и се гледа турската пенџера!
Станале дедото и невестата, виделе што се случило и од срам земале го избркале зетот.

****
Вака баба ми ми ја раскажуваше приказната. Ич не бев стрплива, постојано и барав да ми го прераскажува делот со турската пенџера, ила пак оној дел „Бериш бумбарче? Берам, берам!“, се газев од смеење и така изнасмеана заспивав.
Заклучоците од приказната:
1. најтоп момент во приказната е: А мори ќерко што му е на зетот? Не знам ма мамо, му се згреши нешто по патот!
2. Не секогаш треба да се слуша невестата.
3. Мечиња и бумбарчиња не се дружат заедно. Кога – тогаш мечето ќе го погоди бумбарчето со крушка, а бумбарчето ќе стане потсвест на некој зет.
4. На сите барем еднаш во животот ни се гледа турската пенџера, работата е тој што ќе ја види што поучтиво да каже, за да не се случи од животот да го избркаме оној кој усвари ни е близок
5. разно!

Здраво Свету!

Е па здраво Свету!

се надевам уште си убав и весел како што те оставив минатиот пат. Биди расадник на идеи, биди сведок на судбини и биди споменик на времето. Свет си. И тоа цел.

Ја? Ја све по старо и по список…многу работно, малку приватно…Уште се сопнувам на лоши луѓе, а се загледувам во убави. Минатава година, пак наидов на стариот Кум…уште се прави лошко, не ми дава да се вратам како самовила. Гајле ми е, тоа што не ме убива само ме прави посилна.

Инаку Фнуците порасанаа, едниот издаде книга, оние двете на тета наследнички уште се самотно сами, ама најумни на свет, тој забранетиот уште е убаф – многу ми фали, најмалото изгубено го следам преку мајка му. Добри се и пријателите, внук ми е редовен на ФБ, Бунка уште ми е омилен за во подрум, Луда ми ја нема ама гарант е ок и окезена од уше до уше, Зоки спие, Герш уредува, Џ ми мрчи…Ееее да!

Блог свет

Сеа ми текна -  не знам како да си ги ставам во френдс.

2010? Уффф…а бе избори може ќе има, а може и не. За друго не ме прашувај.

Толку.

ПоздраФ

Дечкото и ханзапластот

Уф што мерак прават овие ханзапластиве. Барем вчера ме оќефија…бев на промоцијата на книгата за Филип Петровски (ем Жане ја знам, ем сите од шаторите ги видов – со многумина се познавам), ама директно од работа отидов, а некои сандали леле „ремчоболни“. КрФ ме сторија. А денот Фчера и за отворена филхармонија беше договорен (Влатаче на обоа  – поздрав, Росе и Матејко – ве бацувам, Бети и Жаки со Нина – ве обожавам, Лости – зошто не дојде?). Пешки тргнав од Мала Станица до плоштад. Не возам, никад и нема да научам – типична жена сум! Ама сандаливе….
Прва аптека заден влез на Клинички – не работи! Рамстор следно е. Влегувам во аптека:
- Добар ден!
- Добар ден!
- Ханзапласт ленти!
- На!

Ќе ми даде ли прва помош? 

Е сеа уште да се налепам. Ама каде? А ни чекор више не можев. Боли бре! И ми текна одма поминуваш улица кај Рамстор накај центар и пред зградите има клупи. Ма што ми гајле, има да си соблечам тоа сандалите, да си искористам ханзапластот, мераци ќе биде до Плоштад. И така седната на првата клупа – свртена накај трговскиот центар, оние од кафиќите горе на спрат гарант сеир ми лупаа  – си вршам работа. Соблекување една сандала, одлепување три ханзапласти лепење околу палец. После да фатам друго ноженце, оп еден дечко со лаптоп, кошулка у коцки, подвратен рукав, црномањаст, личен бешем поминува поред мене.
Јас у него гледам, он у ханзапластиве,  после јас у ханзапластиве, он у мене…убаво беше. Не собрав храброС да го прашам кој е, а се гледаше дека му се правеше муабет за ханзапластите, барем така сфатив од тоа што ми се насмеа, подзастана и чекаше да се излепам и да тргнам. Тоа дури може да се толкува и го ко да се грижел за мене, демек: „да видам дали ќе проодиш“.
Убаво ми беше после се’ до Плоштад. После стана обично,  дури и со ханзапласти не си го видов кумот.

П.С. Дечкото и ханзапластот не е продолжение на Девојката и еднорог, Девојката со бисерна обетка, Девојката и портокалите и слично

Сестра ми

Сестра ми не е внуката на Внук. Голема е, не за друго, ама кога беше мала многу потсеќаше на нејзе, барем во генијалноста на нејзината едноставна логика.
И денес некогаш така прави, иако се почесто констатирам дека пораснала и во умот и веќе не е дете (за жал!). Изгледа само јас останав инфантилна у фамилија.
И така, денеска јас работам нешто на биро у соба (што ќе рече седи на интернет и чита блог), а она влага и ми вика:
- Катерино, зошто оваа Бумбар (н.з. – онаа од Сител) нема спонзор у емисија.
- Како нема. Има Владата и е спонзор! (ја се праам паметна, демек новинаркава мора све критички настроена и некои умни заклучоци да кажува)
- (она ме сосечува) Не ма! Некој бутик!

facka2.JPG

Ете таква сестра имам ја.

Лута сум

Оти навистина немам среќа…(сепак нормална сум);

оти чекам, а никој не ме чека;

оти сакам некого да предомислам, а тој си игра подби пеза;

оти само замислувам, а и тоа е премногу;

оти уште сум дете…(а, тоа ми се свиѓа баш);

оти да се биде шраф е милосрдно, ама и безмилосно;

оти самовилите повеќе не се на цена;

оти мојата мисла е релевантна само во весник;

оти никој не простува, а јас нон-стоп го правам тоа;

оти го преспивам денот за да се саклетисувам ноќта;

оти Брисел не е Скопје и обратно, а сепак личат;

оти навистина не знам многу;

оти единствената комуникација е смс кој не се чита;

оти работите се премолчуваат.

Многу сум лута. На себе најмногу!

Меури

 страФ

Ветувам! Нема више пораки рано наутро – оти секогаш се искрени, а искреноста Тебе толку многу ти пречи…Јас пак, се вљубувам наутро и се одљубувам попладне…од страФ!

 сТрам

Сакам! Иако никогаш нема да се случи се’ да ти раскажам. Многу сум смотана и полна со незнаење, а Тебе тоа толку многу те засмејува (ми доаѓа да пропаднам во земја)…Јас пак, се вљубувам наутро и се одљубувам попладне…од сТрам!

вЧеПаток

Мислам! Колку е романтично кога се пишуваат писма дури и по имејл – сепак минати се, а минатото Тебе толку многу те нервира…Јас пак, се вљубувам наутро и се одљубувам попладне…вЧеПатокот е погрешен!

Сосема небитно

Се префрлив на Фејсбук. Таму барем не мора да пишувам постови, а пак сите ме сакаат.

Пролече, самотно! 

П.С. Поздрав до сите случајните минувачи кои ги видов денеска, а кои редовно ги сретнувам на 16 април и никад не им се јавувам

П.П.С Гарант по извесно време и Фејсбук ќе ми се смачи, ај чао!

Ѕверење

Ова е муабет за состојбата т.е. вака отприлика изгледа кога навечер наместо да спијам ѕверам телевизија свртена накај ѕидот:

Бреееее…убаво си е убаво. Да си бидам искрена и чудно е (ама беше чудно и претходно). Инаку на сите поставени прашања во текот на денот одговорите се дека сум премногу заборавена (и тоа го имам кажано претходно – кликни де, секое кликање нова лизгалка). Немаше прашање: како си? И да имаше немаше да одговорам, а всушност крпам!
Аха реков веќе! Убаво си е убаво, особено рефлексиите од витражот. И рацете исто така! (се насмевнувам под мустаќ).

 

убавина

П.С. Да ги дозволев објаснувањата неверојатно нема да има другпат, а баш другпат си го нарачав! И легни – спиј!

Самобендисаност (кога зборовите се ограничени)

Ох колку знам некогаш да бидам самобендисана. Одам дури до таму што го препрочитувам мојот блог најмалку три пати на ден. Не поради друго, туку многу е убав, постовите се убави. За тие што не мислат така не давам ни паричка, они и онака најверојатно се погрди, полоши, понекреативни…од мене. А, јас толку мрзам грдотија што веднаш ги сметам за ивл од најгорен тип и онака баш самовилски ги решавам. Ова со самовеличењето гарант ми е од Луда, а впрочем гледам дека и другите недотерани* се такви ко јас (ма совршени сме, така да бајт ас!).

Него ова, си читам така по постовите мои и читам ово, па оно, па некој ред повеќе и сфаќам дека у последно време личам на оние некреативните постови што ги опиша, исто така совршениот Внук. И ме фаќа жал, и викам на внука ми (онаа единствената која ми парира во триповите, а која дури е и похрабра од мене, па ги објавува јавно): штета што немам време и инспирација да напишам убав пост во мој стил. Најверојатно трошам многу зборови во неделникот. Јас сум од оние кои што веруваат дека човек во текот на еден месец има ограничен број на зборови што може да ги напише. Ако ги потроши на глупости после нема за нешто друго. Ама теорија а?

После Бездомна уште повеќе ме просветли, па ми кажа дека всушност таква теорија веќе постои, опишана во една поема на Џефри Мекданиел. Нормално дека самобендисано и одговорив: а бе некад си се чудам на умот мој стално знае работи за кои претходно ништо не знае.

The Quiet World
      
 In an effort to get people to look
into each other’s eyes more,
and also to appease the mutes,
the government has decided
to allot each person exactly one hundred
and sixty-seven words, per day.

When the phone rings, I put it to my ear
without saying hello. In the restaurant
I point at chicken noodle soup.
I am adjusting well to the new way.

Late at night, I call my long distance lover,
proudly say I only used fifty-nine today.
I saved the rest for you.

When she doesn’t respond,
I know she’s used up all her words,
so I slowly whisper I love you
thirty-two and a third times.
After that, we just sit on the line
and listen to each other breathe.
Jeffrey McDaniel

Е баш на ова мислев, баш на ова. Туку одам да ја послушам Емили Симон. Само она може да ја разбере мојата несреќна радост што ми се случува деновиве. А може и некој Џефри ќе се јави, па ќе си дишиме на телефон.

П.С. леле што ти значи уредник еј, а бе од Развигор ми остана ова линкањево…жива зараза.

* другите што не се линкувани, а се недотерани, фнуци и внуки да знаат дека ги сакам и дека се личотија невидена

П.П.С. тууу нема место за слика… 

 

Ако пак си нарачам

Сонував синоќа, си ја сонував тајната…
 
Љубов(ници) 
 
 П.С. дилема: Ако пак си нарачам онака, дали пак ќе стигне?

Следна страница »